Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од зависности


Денеска (04.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа едукативно предавање за учениците од  ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Демир Капија на тема „Превенција од зависности“, со цел најмладите да се информираат за последиците од различните форми на зависности како наркотици, алкохол, цигари, хазардни игри... Полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС Велес, како и полициски службеници од ОВР Кавадарци, реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“ на која беше укажано дека користењето сигурносен појас претставува законска обврска како за возачите така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност.

Во Тетово, Скопје, Кочани и Делчево, вчера и денеска полициски службеници од СВР Тетово, СВР Скопје и СВР Штип реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди. Целта на активностите беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, при што беше укажано на обврската за носење заштитен шлем. Во рамки на активностите беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност– Скопје.

Мени за пристапност