Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за побезбеден сообраќај, заштита на шумите од пожари и спречување на родово базирано насилство

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за побезбеден сообраќај, заштита на шумите од пожари и спречување на родово базирано насилство

Денеска (03.06.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“ , со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, објаснување на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. На подрачјето на општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност на тема „Пламените јазици се незапирливи“, во рамки на која беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, додека полициски службеници од ОВР Неготино во Демир Капија спроведоа превентивна активност на тема „Полицијата поблиску до граѓаните“, при што со локалното население беа споделени совети за зголемување на нивото на лична и имотна сигурност, со цел да се потенцира неопходноста од взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, создавајќи подобра комуникација. 

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „ Вози совесно, вози одговорно“, укажувајќи им на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ОВР Неготино пак реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Носи кацига“, потенцирајќи им на возачите на мопеди и мотоцикли за обврската и потребата од користење заштитен шлем заради поголема лична безбедност, додека во Кавадарци беше реализирана превентивна активност на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“, посочувајќи им на возачите дека правилното паркирање на возилата е од исклучително значење за индивидуалната и општа безбедност во сообраќајот. 

Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

На 03.06.2026, Полициски службеници од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај Кочани и Свети Николе реализираа превентивни активности под мото ,,Вози безбедно на велосипед“ и ,,Стави појас“. Во непосреден разговор на истите им беше појаснето дека корисниците на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети треба да носат кацига. Исто така, за време на превентивната активност на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Мени за пристапност