Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Денеска (22.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајни превентивни активности во кои главен акцент беше ставен на пешаците.

Тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а во рамки на активностите им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации итн. Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Тетово, спроведоа превентивни активности во Скопје и Тетово под мотото „Носи кацига“, насочени кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети.

При тоа им беа поделени и едукативни материјали подготвени од страна на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Полициски службеници од ОВР Кавадарци и Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, вчера во Кавадарци и општина Брвеница реализираа превентивни активности на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“. Преку непосредни разговори на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, укажувајќи им да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и на обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема.

 Превентивни активности за заштита од пожари денеска беа реализирани и во Делчево и Берово од страна на полициски службеници од СВР Штип. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Мени за пристапност