Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

На 20.06.2026 с.Мирковци, скопско, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и општина Чучер Сандево спроведе превентивно едукативна кампања за заштита од пожари.

 На граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема свесност за заштита на шумите од пожари. За време на активноста беа поделени летоци со едукативна содржина. Превентивна активност на иста тема денеска беше спроведена на подрачје на Полициската станица Кисела Вода, на патот Скопје - Македонски Брод во соработка со ЈП „Јасен“. И за време на оваа активност на граѓаните им се делеа летоци со едукативна содржина и им беше потенцирано дека доколку забележат пожар на отворено веднаш да известат на бројот 112. На 21.06.2026 на бул."Борис Трајковски" во Скопје, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираше и спроведе едукативно превентивна активност во областа на сообраќајот “Стави појас“ и “Не ја загрозувај безбедноста во сообраќајот поради брзо и агресивно возење“. Притоа, во непосредна комуникација со возачите беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на користење на појас и прилагодување на брзината согласно сообраќајните правила и прописи.

Мени за пристапност