Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивна активност на СВР Штип за заштита од пожари на отворен простор

Превентивна активност на СВР Штип за заштита од пожари на отворен простор

Денеска (20.06.2026) Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со полициски службеник од ПС ОН Штип, реализираше превентивно-едукативна активност на тема: „Превенција и заштита од пожари на отворен простор и внимателно и одговорно користење на земјоделската механизација во сообраќајот“, на подрачјето на Општина Штип. Во рамки на активноста, на граѓаните и земјоделците им беа поделени летоци и флаери со едукативни содржини за заштита на шумите од пожари.

Преку непосредни разговори, полициските службеници им укажуваа на мерките за заштита и намалување на ризиците од појава на шумски пожари на отворен простор, како и на потребата од внимателно извршување на земјоделските работи и одговорно користење на земјоделската механизација.

 Посебен акцент беше ставен на опасностите од предизвикување пожари при палење меѓи, стрништа, сува трева и смет на нивите. Во текот на активноста, граѓаните беа информирани и за обврската од доследно почитување на законските одредби и прописи од оваа област, со цел подигање на јавната свест и јакнење на превенцијата од пожари.

Мени за пристапност