Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од измами и пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од измами и пожари

Денеска (23.06.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на Кисела Вода реализираа превентивна активност „Внимавај, телефонски измами“, при што на граѓаните од повозрасната популација им беше укажувано на каков начин се вршат телефонските измами, а им беа дадени и совети како да не станат жртва на измама.

Во рамки на активноста на граѓаните им беа поделени и печатени едукативни материјали. Исто така на подрачјето на Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираше и превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото „Носи кацига“, насочена кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети. Превентивни активности насочени кон поголема безбедност во сообраќајот реализираа и полициски службеници од СВР Штип во Пехчево и Штип. Отсекот за превенција при СВР Струмица пак, реализираше превентивно-едукативни активности на тема: „Превенција и заштита од пожари на отворен простор“, во подножјето на планината Беласица, на излетничките места ,,Габровски Водопади", ,,Колешинси Водопади" и ,,Мокрински Извори".

Преку непосредни разговори, полициските службеници им укажуваа на мерките за заштита и намалување на ризиците од појава на шумски пожари. Посебен акцент беше ставен на опасностите од предизвикување пожари при палење меѓи, стрништа, сува трева и смет на нивите.

Мени за пристапност