Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од насилство и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од насилство и зависности

Денеска (24.02.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, за учениците од седмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање на тема „Превенција од зависности, злоупотреба на дроги, алкохол, цигари, обложување и интернет“. Целта на превентивно- едукативната активност беше учениците да се запознаат со штетноста по здравјето од користењето наркотици, алкохол и цигари и негативните влијанија врз развојот на младата личност, семејството и поширокото општествено опкружување. Исто така, им беа објаснети формите и манифестацијата на зависноста, што придонесува за агресивно и асоцијално однесување, како и начините за превенција и казнените одредби предвидени за евентуално кршење на законите. На учениците им беше посочено и внимателно да ги користат социјалните мрежи, односно да не прифаќаат било какви постирани предизвици.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот  при СВР Битола  во ОУ „Стив Наумов" во Битола одржаа предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Учениците имаа можност да се запознаат со основните сообраќајни правила, правилното однесување како пешаци и значењето на безбедноста во сообраќајот. Превентивни активности од областа на сообраќајот беа реализирани и во Берово и Делчево.

Од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје реализирани се три едукативни работилници во ООУ „Невена Георгиева-  Дуња“, ООУ „Климент Охридски“ и ООУ „Марко Цепенков“ на тема „Превенција од  насилство“.

Мени за пристапност