Денеска (15.07.2026) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП во Скопје, на територија на Чаир, реализира превентивна активност наменета за возачите во рамките на кампањата „Безбедно лето- вози одморен“. На возачите им беше укажано за важноста кога управуваат возило да бидат одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето, па затоа кога возачите се упатуваат на подалечни дестинации, препораката е да прават чести паузи при патувањето. На територија на Гази Баба пак, Одделението за превенција при СВР Скопје реализира превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои на граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема внимателност, поради опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од СВР Штип во Штип реализираа превентивни активности „Носи кацига“, насочени кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во Виница, Берово и Пробиштип, пак превентивните активности беа насочени кон заштита од имотни деликти, при што на граѓаните им беа дадени корисни совети за заштита од кражби.