Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од кражби и пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од кражби и пожари

Денеска (16.07.2026) во Куманово и Скопје, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесното фрлање и палење ѓубре, палење стрништа, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал.

 

Отсекот за превенција при СВР Куманово исто така, на наплатната станица Романовце, реализира превентивна активност „Вози одморен“. На возачите им беше укажано за важноста кога управуваат возило да бидат одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето, па затоа кога возачите се упатуваат на подалечни дестинации, препораката е да прават чести паузи при патувањето. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во Велес, реализираа превентивна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“. Полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила.

 

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Тетово пак, на градскиот пазар во Тетово спроведе превентивни активности за заштита на граѓаните од џебни кражби. На повеќе локации во близина на градскиот пазар полициските службеници ги информираа граѓаните, посебно повозрасните, за начините како да се заштитат од вакви кривични дела, а воедно им беа делени и летоци со едукативна содржина.

 

Мени за пристапност