Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти и семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти и семејно насилство

Денеска (25.03.2026) во Неготино и Делчево, полициски службеници од ОВР Неготино и ПС Делчево реализираа превентивни активности на тема „Заштити го својот дом“. Граѓаните беа информирани како да се заштитат од различни форми на кражби и измами, за да не станат жртва на вакви кривични дела. 

Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „И јас и ти сме пешаци“ , со цел да им се укаже на возачите за потребата од почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а особено за важноста од почитување на предноста на минување на пешаците на пешачки премин. Сообраќајна превентивна активност денеска реализираа и полициски службеници од ПО БПС Кавадарци и ПС БПС Штип, Делчево и Берово на тема „Паркирај совесно“. Во рамки на превентивните активности беше поделен и печатен едукативен материјал.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје реализираа едукативна работилница во рамки на националната кампања против злоупотреба на мало и лесно оружје „Животот нема рестарт– оружјето не е игра“ во ООУ „ Јан Амос Коменски“. Цел на кампањата е подигнување на свеста кај младите и едукација за опасностите поврзани со малото и лесно оружје, запознавање со законска регулатива, како и спречување на насилство и поттикнување на одговорно однесување. Во ООУ „Лазо Ангеловски“ пак беше реализирана превентивна активност „Стоп за насилството“.  

Полициски службеници од СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Пробиштип, Берово и Виница реализираа и превентивни активности на тема „Има надеж за живот без насилство– Не биди нем сведок“. Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира семејното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал.
Полициски службеници од РЦ ГР Исток, пак, во ОOУ „Ванчо Китанов“ во с.Црник реализираа превентивна активност на тема „Трговија со луѓе– како да се заштитиме“.

Мени за пристапност