Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и семејно насилство

Денеска (26.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачје на Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност во рамки на кампањата „Вози одговорно“. Целта на активноста беше да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура кај возачите, особено по однос на прописното паркирање. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал, изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Исто така, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачје на општина Чашка, како и полициски службеници од ОВР Неготино, на подрачје на Демир Капија и неготинските села Долни Дисан и Тимјаник, реализираа превентивно едукативни активности насочени кон спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Одделението за превенција при СВР Скопје, пак,  во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, денеска реализираа превентивни активност во Скопје, насочена кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Исто така, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност за спречување на семејно насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за начините како тоа да се препознае и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Акцент беше ставен и на постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, при што беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.

Мени за пристапност