Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и семејно насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари и семејно насилство

Денеска (25.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачjето на Велес, реализираа превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство“. Преку непосредна комуникација, граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, но и за начините како тоа да се препознае и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Акцент беше ставен и на постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, при што беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство.

Целта на активностите е превентивно да се дејствува за да се спречи појавата на овој вид на насилство и да се охрабрат жртвите секој вид на насилство навремено да го пријават во полиција. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал. Исто така и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци, во Кавадарци, реализираа превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот, при што полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент за обврската за прилагодување на брзината на возење според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патиштата.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Тетово и ПО БПС Пробиштип во Скопје, Тетово и Пробиштип денеска реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во Штип, превентивните активности беа насочени кон запознавање на граѓаните со последиците што можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека управуваат возило.

Со овие активности уште еднаш беше потенцирана потребата за подигнување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот на патиштата, преку почитување на сообраќајните прописи и одговорно однесување, со цел да ги заштитат својата, безбедноста на нивните семејства и другите учесници во сообраќајот, а во рамки на истите, беше поделен печатен едукативен материјал. Во Берово пак, денеска полициски службеници од ПС Берово реализираа превентивни активности насочени кон спречување на пожари и бесправна сеча.

Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва и предизвикувањето пожари се кривични дела, кои соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Полициски службеници од СВР Скопје денеска реализираа работна средба во Општина Арачиново, со претставници од општината, на која тема беа мерките и активностите за спречување на појава на пожари, како и мерките за справување со врсничко насилство, одржувањето на јавниот ред и мир и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.

Мени за пристапност