Денеска (14.09.2026) полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, реализираа превентивна активност на подрачјето на Македонски Брод, насочена кон учеството во сообраќајот од страна на возачите на земјоделска механизација- трактори. На граѓаните им беше укажано дека и за оваа категорија на возачи важи доследното почитување на законските одредби од Законот за возила, при што беше нагласено дека пред да се вклучат во сообраќај, неопходно е да ги доведат своите возила во исправна техничка состојба, особено во поглед на светлосната сигнализација, како и уредите за управување и кочење. Исто така, на возачите на патнички моторни возила им беше нагласено значењето на користење на сигурносен појас, пред се за лична безбедност на возачите и сопатниците.
Во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип низ директна комуникација со граѓаните, ги запознаа со последиците што можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека управуваат возило, односно доколку не внимаваат додека возат. Во Велес, пак, полициски службеници од ПС БПС Велес спроведоа сообраќајна превентивна активност со акцент на последиците што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ПО Чашка пак, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Возете безбедно со технички исправно возило“, при што беше нагласена и обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа превентивна активност на тема „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од зависностите, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави.
Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.