Денеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.
Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“.
Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас.
Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари.
На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.