Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“.
Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно.
Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.