Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти и насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти и насилство

Денеска (15.09.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност „Има помош за живот без насилство“, со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на родово базирано насилство, а беа појаснети и постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош и заштита. 

Полициски службеници од СВР Велес и од Одделението за превенција при СВР Скопје, во Велес и Скопје реализираа превентивни активности за заштита од имотни деликти, при што на граѓаните им беа дадени корисни совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

На подрачје на Велес, Кочани, Виница, Берово, Скопје и Кавадарци, беа реализирани и превентивни активности за безбеден сообраќај. Полициски службеници од ПС БПС Велес спроведоа активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, додека во Кавадарци акцентот беше ставен на почитувањето на максимално дозволената брзина. На наплатните станици „Сопот“, „Виничани“ и „Отовица“,  полициски службеници реализираа превентивна активност „Вози одморен“, при што на возачите им беше укажано за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се една од главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи. Полициски службеници од ПО БПС Кочани во Кочани спроведоа превентивна активност „Одговорно пред пешачки премин“ наменета за пешаците. Во непосредна комуникација со пешаците, им беше укажано дека треба да се движат на тротоари и при преминување на улицата да не користат мобилен телефон или слушалки. Едукативни работилници за безбеден сообраќај беа реализирани во ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница и основни училишта во скопската општина Кисела Вода

Мени за пристапност