Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на врсничко насилство

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на врсничко насилство


На 31.08.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес, реализираа превентивна активност со цел подигање на свеста за потребата од почитување на сообраќајните правила, за да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот. Посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности на возачите и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Денеска (01.09.2026) полициски службеници од ОВР Неготино им укажуваа на пешаците дека како активни учесници во сообраќајот  исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. И Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на Гази Баба спроведе превентивни активности за безбеден сообраќај.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод во ОУ „Климент Охридски" во Македонски Брод и полициски службеници од ОВР Крушево во ОУ „Никола Карев“ во Крушево реализираа превентивни активности со првооделенците, при што ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, односно како безбедно да стигнат од дома до училиште и обратно. Во рамките на активноста беа поделени и материјали со едукативна содржина.

Денеска (01.09.2026) Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивно- едукативна активност „Стоп за булингот“ во основни училишта на подрачје на ПСОН Аеродром. Навредите, исмевањето, понижувањето, заканите, физичкото насилство, намерното исклучување од друштвото, како и навредливите пораки и објави на социјалните мрежи можат сериозно да влијаат врз самодовербата и психичката состојба на детето, а во исто време и на неговата безбедност.

Борбата против булингот е заедничка одговорност на релевантните институции, родителите и учениците, со цел искоренување на оваа девијантна појава.

Мени за пристапност