Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка на подрачјето на ПСГН Попова Шапка реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и РЦ ГР Север во Скопје и на Граничниот премин Долно Блаце спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, при тоа информирајќи ги за функционирањето на системот „Безбеден град“. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.