Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

На 28.08.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и ПО Матејче на територија на општина Липково реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од  внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми.

Полициски службеници од СВР Куманово, како и од Отсекот за превенција на СВР Битола, ПС за ГП и ГН Ново Село и ПС за ГП и ГН Делчево спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. На граничните премини Меџитлија, Ново Село и Делчево, возачите беа информирани и за функционирањето на системот „Безбеден град“, а им беше поделен и едукативен материјал.

Мени за пристапност