На 27.03.2026 полициски службеници од СВР Велес, СВР Струмица, СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Штип реализираа превентивни активности во селата Раштани, Бузалково и Клуковец, велешко, Струмица, Скопје, Тетово, Берово, Пехчево, Неготино, Демир Капија и Македонска Каменица на тема „Не биди нем сведок“, со цел превентивно да се делува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство.
Во непосредна комуникација со граѓаните, им беа објаснети начините како да се превенира родово базираното насилство и достапноста на услугите за помош и заштита доколку сепак се жртви на насилство. Беше укажано и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Од страна на полициските службеници беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а беше поделен и печатен едукативен материјал.
Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани на подрачје на Кавадарци, Чашка, Штип, Делчево, Кочани и Свети Николе, при што на граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата односно намалување на бројот на сообраќајни несреќи.