Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на Регионален центар за гранични работи Исток и Полициска станица од oпшта надлежност Делчево

Превентивни активности на Регионален центар за гранични работи Исток и Полициска станица од oпшта надлежност Делчево

 

Денеска (28.03.2026), полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и Полициската станица од општа надлежност Делчево на повеќе локации во Делчево реализираа превентивни активности на  темите „Превенција и заштита од пожари на отворен простор", „Има помош за живот без насилство -Не биди нем сведок" и „Градиме пријателство, создаваме безбедност". 
Преку непосредни средби и разговори, полициските службеници ги информираа граѓаните како да препознаат облици на семејно насилство, правата и мерките за заштита од семејно насилство и како да пријават семејно насилство. На граѓаните, исто така, им беа дадени совети како да се заштитат од кражби, провални кражби и измами, а беа запознаени и со законските одредби и санкции кои jа опфааат проблематиката.
За време на активнсотите беа споделени и информации и за опасноста од пожарите, последиците од палењето на оган на отворен простор, палењето на стрништа, сува трева. Особено беше истакнато навременото информирање и пријавување откако ќе се забележи на пожар. Исто така, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина поврзани со темите.

Мени за пристапност