Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами, кражби, бесправна сеча и зависности

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами, кражби, бесправна сеча и зависности

Денеска (06.10.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и ОВР Кавадарци, во Кавадарци реализираа превентивна активност со учениците од основните училишта во Кавадарци, по повод одбележувањето на Детската недела. Децата се запознаа со важноста на професијата полициски службеник, нејзиното значење за безбедноста на граѓаните, како и со работата на полициските службеници, сообраќајните правила за малите пешаци, а имаа можност да видат и дел од техничките средства, опремата и возилата што се користат во секојдневното полициско постапување.

Во ООУ „Борис Трајковски" во с. Моноспитово, ООУ „Кирил и Методиј" од с.Бориево, ООУ „Кирил и Методиј" во с.Иловица, ОУ „Гоце Делчев" во Могила и детската градинка „23 Август“ во Берово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и СВР Битола им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Активностите имаа за цел преку разговор, практични примери и едукативни содржини децата да се запознаат со основните правила за безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Им беше објаснето како правилно и безбедно да ја преминуваат улицата, значењето на пешачкиот премин и светлосната сигнализација на семафорот, како и важноста од почитување на сообраќајните знаци и правила. Посебно внимание беше посветено на тоа дека при преминување на улицата децата треба да застанат, внимателно да погледнат лево и десно и да не истрчуваат на улица. Преку реализацијата на овие превентивно-едукативни активности се придонесува кон развивање на сообраќајната култура кај најмладите и создавање на правилни и безбедни навики уште од најрана возраст.

Отсекот за превенција  при  СВР  Куманово, денеска во Куманово акцентот на превентивните активности го стави на безбедното учество во сообраќајот на пешаците, особено потенцирајќи да не се користат мобилни телефони и слушалки кога се преминува улица. На возачите пак им беше укажано на задолжителната обврска да застанат пред пешачки премин. 

На подрачје на Велес и Неготино беа реализирани  превентивни активности за заштита од кражби и измами, со цел граѓаните да се запознаат со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност, укажувајќи им да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица и да не оставаат свои лични податоци. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, вчера спроведоа превентивна активност за заштита на шумите од бесправна сеча, при што граѓаните беа информирани за законските одредби и санкции, во поглед на  бесправната сеча на дрва.

Во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност „Последици од употребата на наркотични средства“,  со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави.

 

Мени за пристапност