Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности за безбеден сообраќај

Превентивни активности за безбеден сообраќај

Денеска (14.05.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачје на Велес реализираа превентивна активност со цел да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура кај возачите, по однос на правилното паркирање. Исто така и полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност под мото „Носи кацига, вози одговорно“, преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот и зголемување на безбедноста на возачите на мопеди и мотоцикли. На возачите им беше укажувано на обврската за носење на заштитен шлем, која се однесува како за нив, така и за сопатниците, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Делчево, Кочани, с.Лозово и Берово.Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал изработен  во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. 

На 13.05.2026 пак полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш реализираа превентивна активност со децата од ЈОУГД ,,Ацо Караманов” во Радовиш. Во рамки на активноста, децата од градинката имаа можност непосредно да се запознаат со дел од опремата и униформата што ја носат полициските службеници, како и улогата на полицијата во заштита на граѓаните. Воедно децата се запознаа со основните сообраќајни поими, сообраќајни знаци, правила и прописи, односно како треба да се однесуваат како пешаци или кога возат велосипед.

Мени за пристапност