Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности во Кочани и Берово

Превентивни активности во Кочани и Берово

Денеска (15.07.) во централното градско подрачје на Кочани од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани беше спроведена превентивна активност на тема – „Секогаш носи кацига и заштити го животот“. Целта на активноста беше подигнување на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност за време на управување со моторцикл или мопед, односно користење на заштитниот шлем со што го се заштитува сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот. На учесниците во сообраќајот им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП 

 
Исто така, денеска од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово во градот е реализирана превентивна кампања на тема: „Пензионери, учествувајте одговорно во сообраќајот“.
 
Пензионерите, како една од најранливите групи во сообраќајот, често се наоѓаат во ситуација да бидат жртви на несреќи, поради намалена брзина на реакција или недоразбирање на сообраќајните правила.
 
Превентивната активност покрај непосредните разговори беше искористена за делење едукативни летоци со информативни содржини изработени од РСБСП, а се со цел да се зголеми свеста за безбедноста во сообраќајот на лицата-пензионери.

Мени за пристапност