Денеска (16.07.) Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со полициски службеници од ПС за БПС Куманово на повеќе локации во Куманово спроведе превентивни активности под мотото „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен телефон“ и „Не паркирај на тротоар“.
Полициските службеници во разговорите со возачите апелираа за поголема одговорност, совесност и внимание, во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, особено користењето сигурносен појас, некористењето мобилен телефон, како и почитувањето на правилата за паркирање, со што ќе се овозможи слободно и безбедно движење како на пешаците така и на други учесници и возила во сообраќајот.
На возачите им беа делени и едукативни летоци со корисни совети, изработени во соработка со РСБСП.