Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Денеска (14.07.) од страна на полициски службеници од ПС за БПС Штип на повеќе локации во централното градско подрачје на Штип беа реализирани превентивни активности под мотото –„Не управувај возило под дејство на алкохол“. Во текот на активностите, на возачите им беше појаснета законската регулатива со низа препораки за безбедно управување на возилата, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Беше особено нагласено дека секој возач кој конзумирал алкохол повеќе од дозволеното и управува возило ќе биде санкциониран, а дополнително беа делени и летоци изработени во соработка со РСБСП со едукативна содржина.


Исто така, денеска и полициски службеници од ПО за БПС Кочани  спроведоа едукативно превентивна активност во градското подрачје под мотото – „Не заборавај, стави појас“. Во непосредна комуникација со возачите и сопатниците им беше укажано за почитувањето на одредбите од ЗБСП во поглед на задолжително користење на сигурносните појаси при возење како една од суштинските безбедносни мерки.


Инаку вчера (13.07.), пак, полициски службеници при ОВР Делчево во содејство со колеги од ПС за ГП и ГН Делчево при РЦГР Исток, како и претставници од Шумската полициска станица Делчево, на повеќе локации, односно во селата Полето, Ветрен, Киселица, Драмче и на Голак, односно месноста викана Чавка, реализираа превентивни активности насочени кон заштитата од шумски пожари. Во непосредни разговори со месното население и граѓаните-посетители на овие подрачја, полициските службеници укажуваа за ризиците и последиците од шумските пожари, а на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“. Исто така, полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари, а особено беше нагласена неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот број 112, како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште.

Мени за пристапност