Денеска 15.07.2025 година полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје на Куманово реализираа превентивна активност од областа на заштита од имотни деликти. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните им беше укажано за мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби. Целта на активноста, покрај едукативно – информативниот карактер, има за цел заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните особено во летната сезона да внимаваат на своите домови, да не оставаат информации на социјалните мрежи пред одење дека сте надвор од домот во моментот. При излегување да се проверат сите врати и прозорци дали се обезбедени, особено во ниските делови, да се направи соодветна заштита на прозорци и да не се оставаат вратите од терасите отворени. Исто така, беше апелирано до граѓаните да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата и да се внимава на парите и платежните картички при работа со нив и слично.
СВР Куманово континуирано презема мерки и активности за спречување и намалување на сите кривични дела, секојдневно се спроведуваат и различни превентивни кампањи особено и во делот на начинот на извршување на кражби.
Напоменуваме дека само преку заедничка соработка помеѓу граѓаните и полицијата ќе допринесеме за безбедна средина за живеење за сите нас.