Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари

Отсекот за превенција при СВР Штип вчера (12.07.) во содејство со Шумската полиција – подрачна единица Штип, на повеќе локации во општина Карбинци и на Плачковица реализираше превентивни активности согласно превентивните планови во врска со заштита од пожари на отворен простор, како и околу мерката за целосна забрана за движење во шуми и шумско земјиште. Под мотото – „Шумите се наше најголемо богатство“ во непосредна комуникација со месното население и граѓаните-посетители на овие подрачја, полициските службеници укажуваа за ризиците и последиците од шумските пожари, а на граѓаните воедно им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

 

Исто така, полициските службеници посочија низа конкретни примери и практични совети за правовремена заштита и превенција од пожари, а особено беше нагласена неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот број 112, како и почитување на воведената мерка за забрана на движење во шуми и шумско земјиште.

Мени за пристапност