Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Тетово и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Тетово и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од имотни деликти

Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (06.02.2026) во селата Мелница, Лисиче, Дреново, Горно и Долно Јаболчиште, општина Чашка, реализираше превентивно - едукативни активности за заштита од имотни деликти и измами. Полициските службеници низ директна комуникација ги информираа жителите како да се заштитат од кражби и измами, како и за опасностите од употреба на пиротехнички средства и огнено оружје и законските импликации со кои што може да се соочат, поради непочитување на законските прописи. Исто така беа поделени и печатени едукативни материјали. Ваква превентивна активност беше спроведена и на повеќе локации во Штип. 

На подрачје на Тетово и Свети Николе, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и ПС Свети Николе реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Сите сме пешаци- одговорно пред пешачки премин“. Преку директна комуникација и делење на летоци со едукативна содржина, полициските службеници ги запознаа граѓаните со сообраќајните правила и прописи што се однесуваат на пешаците и потребата тие целосно да се почитуваат за да се заштити оваа најранлива група учесници во сообраќајот. Во Кочани полициските службеници од ПО БПС Кочани спроведоа превентивна активност со цел да ги запознаат граѓаните со последиците доколку користат мобилен телефон додека управуваат возила, а во Делчево акцент беше ставен на потребата од правилно паркирање.

Мени за пристапност