Денеска (09.02.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа превентивни активности под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше потенцирана обврската за задолжително користење на заштитен појас во возилата, затоа што тоа во голема мерка може да го намали степенот на повреди при евентуална сообраќајна несреќа. Исто така, беше посочен ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и сите останати правила за безбедно управување со возило, во насока на подигнување на сообраќајната култура, со цел, намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Воедно на возачите им беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Слични превентивни активности беа реализирани и во Пробиштип, Кочани, Штип и Делчево.
Полициските службеници од СВР Битола пак, денеска беа во посета на детската градинка „Пролет" во Битола, каде на дечињата им беа претставени основните сообраќајни правила, преку презентација прилагодена на нивната возраст. Им беше објаснета улогата на полицискиот службеник, како и дел од опремата што се користи.