Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на малолетнички бракови

Превентивни активности на СВР Струмица и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на малолетнички бракови

Денеска (10.02.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица реализираа едукативно предавање со учениците од ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица. Од страна на полициските службеници преку презентација и едукативен материјал обезбеден од РСБСП, на учениците од прво одделение им беше одржано едукативно предавање на тема „Безбедност на малите пешаци“, а воедно беа запознаени и со полициската професија.

Превентивни активности од областа на сообраќајот беа спроведени и на територија на СВР Штип. Полициските службеници од ПС Берово ги информираа граѓаните за штетните последици што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во Кочани пак, акцент беше ставен на потребата од користење на сигурносен појас, затоа што на тој начин се намалуваат последиците при евентуална сообраќајна несреќа. 
Во Свети Николе пак, полициските службеници од ПС Свети Николе во соработка со „Локал актив Вардар“ реализираа превентивна активност во насока на превенција од малолетнички бракови.

Мени за пристапност