Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на измами и малолетнички бракови

Превентивни активности на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на измами и малолетнички бракови

Денеска (11.02.2026) во Неготино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од телефонски измами, со цел да се информираат граѓаните како да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами. Во текот на вчерашниот ден пак, полициски службеници од ОВР Неготино реализираа превентивна активност на тема „Стави појас“, со укажување дека користењето на сигурносни појаси е законска обврска како за возачите така и за патниците во возилата, со цел зголемување на нивната лична безбедност. На граѓаните им беше потенцирана и потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а им беше поделен и печатен едукативен материјал.

Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше едукативна работилница во ООУ„Александар Македонски“  на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство- булинг“, во рамки на која полициските службеници разговараа со учениците за начините на препознавање, пријавување и спречување на ова девијантно однесување. На територија на општина Бутел пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од имотни деликти, особено кражби и измами. 

Полициските службеници од СВР Штип реазлизираа превентивни активности за безбеден сообраќај во Штип и Берово. Во Свети Николе беше реализирана превентивна активност за спречување на малолетнички бракови, а во Пробиштип за заштита од кражби и измами.

Мени за пристапност