Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами и кражби

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами и кражби

Денеска (12.02.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес беше реализирана превентивно- едукативна активност под мотото „Не заборавајте сите сме пешаци, бидете одговорни во сообраќајот“, во која акцентот беше ставен на безбедноста на пешаците. На возачите им беше потенцирано да ја намалат брзината кога се приближуваат кон пешачки премин и задолжително да ги пропуштаат пешаците, а на пешаците им беше укажано дека и тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат единствено на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации. Исто така, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, на регионалниот пат Росоман-Кавадарци, спроведоа превентивна активност на тема „Стави појас“, при што на граѓаните им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Превентивна активност „Стави појас“ во Делчево спроведоа и полициски службеници од ПС Делчево, а во Штип и Кочани превентивните активности беа насочени кон потребата од правилно паркирање на возилата, со цел да не се загрозува безбедноста во сообраќајот, пред се на пешаците и велосипедистите. Во Делчево, исто така, беше спроведена и превентивно- едукативна активност за заштита од кражби и измами, при што полициските службеници ги информираа жителите на овие населени места како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами.

Мени за пристапност