Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за подигнување на сообраќајната култура и заштита од имотни деликти

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за подигнување на сообраќајната култура и заштита од имотни деликти

Денеска (13.02.2026) полициски службеници од ОВР Кавадарци во пензионерскиот дом во Кавадарци реализираа едукативно-превентивна активност за заштита од телефонски измами и кражби. Целта на активноста беше на повозрасната популација, која е почеста мета на овој вид измами, да и се укаже како истите да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви. Најчест вид на измами се кога непознати лица ги доведуваат во заблуда дека членови на нивните семејства се жртви во сообраќајни несреќи, се претставуваат како полициски службеници, лекари, адвокати и им барат одредена сума на пари. Исто така, на 12.02.2026, полициски службеници од ОВР Неготино, за учениците од прво до петто одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ во село Криволак, неготинско, реализираа едукативна работилница на тема „Децата учесници во сообраќајот“, со цел децата, како најмлади учесници во сообраќајот, да се запознаат со основните сообраќајни правила и да го зголемат нивото на лична безбедност, кога се во улога на пешаци или возачи на велосипеди. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности за побезбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип и тоа во Кочани, Свети Николе и Штип. Посебен акцент беше ставен на потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Исто така, на возачите им беше укажано на законската обврска за користење на сигурносен појас и фактите дека користењето појас во голем процент ги намалува последиците при евентуална сообраќајна несреќа. Возачите беа информирани и за санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.

Мени за пристапност