Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Битола, СВР Струмица, СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Велес реализираа превентивни активности на тема „Алкохолот и воланот нe одат во двојка“

Превентивни активности на СВР Штип, СВР Битола, СВР Струмица, СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Велес реализираа превентивни активности на тема „Алкохолот и воланот нe одат во двојка“

Денеска (14.02.2026), во рамки на одбележување на празниците Свети  Трифун и Свети Валентин на подрачјето на СВР Штип, односно во Штип, Свети Николе, Делчево, Берово, Пробиштип, Виница и Кочани и на Граничниот премин Делчево во соработка со РСБСП на возачите им беше поделен едукативен материјал со напомени да не управуваат возила доколку пијат алкохол. Возачите беа информирани за штетните последици кои можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол, односно дека санкциониран ќе биде секој возач кој консумирал алкохол и притоа управува возило.

Порака да не се управува возило доколку се консумира алкохол беше упатена вчера и на возачите на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Македонски Брод. Преку делење летоци со едукативна содржина и директен контакт, на возачите им беше укажано за можните последици последици доколку се управува возило под дејстов на алкохол.

Денеска, на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово, во рамки на одбележување на празниците, возачите беа потсетени дека алкохолот и воланот не одат заедно.

Денеска и Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, на подрачјето на Полициската станица Ѓорче Петров реализираа превентивна активност на истата тема. На возачите им беа поделени едукативни летоци поврзани со ризикот од консумирање на алкохол и управување моторно возило, како и привезоци за клучеви и ароматизери за автомобил изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Алкохолот и воланот нe одат во двојка“ беше превентивната активност што с ереализираше и на подрачјето на СВР Тетово. Во Тетово и Гостивар, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициските стaници за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар, преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, ги потсетуваа возачите за нивните обврски и одговорности при учество во сообраќајот.

За поголема безбедност во сообраќајот, полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности заедно со претставници од Општински совети за безбедност на сообраќајот на патиштата во општините Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Велес. Активностите имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и свеста кај возачите, за ризиците од управување на возило под дејство на алкохол и користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и да им се укаже на обврските за задолжително користење на заштитен појас во возилата и редовно одржување на нивната  техничка исправност, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност