Денеска (15.02.2026) на наплатна рампа Глумово, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП реализираше сообраќајно-превентивна активност под мотото „Користете зимска опрема“. Во рамки на активностите, на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот.