Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип, СВР Тетово, СВР Струмица и СВР Битола по повод Денот на жената - „8 Март“

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип, СВР Тетово, СВР Струмица и СВР Битола по повод Денот на жената - „8 Март“

Денеска 08.03.2026, полициски службеници од СВР Велес на подрачјата на Велес, Чашка, Градско, Неготино и Кавадарци, заедно со претставници на РСБСП, по повод Денот на жената „8 Март“ реализираа сообраќајно- превентивни активности на теми „Вози совесно, биди жена возач за пример“ и „Понежниот пол е одговорен учесник во сообраќајот“.  Во рамки на активностите, полициските службеници на припадничките на понежниот пол, како рамноправни учесници во сообраќајот, им го потенцираа значењето на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност и сообраќајната култура воопшто. Целта на активностите беше да се стави акцент на важноста од безбедно учество во сообраќајот и да се оддаде признание за улогата и придонесот на жените во општеството. Воедно, во знак на внимание,  на жените возачи им беше подарено цвеќе, а беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност Скопје. 

Денеска, превентивна активност по повод „8 Март“ на тема „Вози одговорно -Честит 8 Март” беше реализирана на подрачјето на СВР Штип. притоа, на возачите од понежниот пол им беа упатени честитки по повод празникот и беше потенцирано дека полицијата останува посветена на нивната безбедност, достоинство и еднаквост во заедничката намера за градење на општеството во кое секоја жена ќе се чуствува сигурно, почитувано и вреднувано. 

На подрачјето на СВР Тетово беше реализирана превентивмна активност на тема „Честит 8 Март – Понежниот пол е одговорен во сообраќајот”. Притоа, на жените учесници во сообраќајот и жените кои управуваат моторни возила им беа делени едукативни материјали и привезоци за клучеви со содржина „Честит 8 Март”. 

По повод Интернационалниот ден на жената, и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица беше реализирана превентивна активност „Има помош за живот без насилство“. Активноста беше спроведена преку непосредна комуникација и делење на едукативен материјал. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето на семејното и родово базирано насилство, да се знаат механизмите за пријавување, важноста на раното интервенирање и јакнење на довербата во МВР. 
Денеска (08.03.2026) и на повеќе локации во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево беше реализирана едукативна кампања под мото „Прославете го 8 Март достоинствено и безбедно во сообраќајот" во насока на нејзина заштита и препораки за безбедно во сообраќајот. Во рамките на активност беа поделени едукативни рекламни материјали.

Мени за пристапност