Денеска (07.03.2026) на повеќе локации во централно градско подрачје во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во соодејство со полициски службеници од Полициската станица Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Не биди нем сведок-пријави насилство врз жени веднаш”. Притоа, на средби со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае психолошко насилство, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бројот 112. За време на кампњата на граѓаните им беа делени и летоци со едукативна содржина.