Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип и РЦГР Исток за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Штип и РЦГР Исток за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

Денеска (15.12.2025) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, на подрачјето на Велес и Кочани, беа реализирани превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, за користење на зимска опрема и да не се управува возило под дејство на алкохол. Полициските службеници во непосредна комуникација им укажаа на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, заради лична, но и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. При тоа, беше потенцирано дека во зимскиот период,  условите на патиштата бараат максимална внимателност и затоа особено е важно користењето на зимска опрема. Воедно на возачите им беше поделен печатен едукативен материјал,  изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Штип, пак, во соработка со лекар од ЈЗУ „Гоце Делчев“- Делчево и волонтери од Црвен крст, во СОУ „Методија Митевски- Брицо“, ООУ „Ванчо Прќе“ во Делчево, ООУ „Раде Кратовче“ во Кочани, и ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе реализираа предавања на тема: „Не користи пиротехнички средства“, со цел да се информираат учениците и да се подигне свеста да не се употребуваат овие средства кои можат да предизвикаат штетни последици по здравјето на луѓето и да предизвикаат материјални штети. Учениците беа запознаени и со законските санкции за нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства.

Мени за пристапност