Денеска (16.12.2025) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Штип, во соработка со лекар од ЈЗУ „Гоце Делчев“- Делчево и волонтери од Црвен крст, во ООУ „Св. Климент Охридски“ во с. Град, с. Тработивиште и с. Разловци, делчевско, како и во централното подрачје на Свети Николе реализираа превентивни активности на тема: „Не користи пиротехнички средства“, со цел да се информираат учениците и да се подигне свеста да не се употребуваат овие средства кои можат да предизвикаат штетни последици по здравјето на луѓето и да предизвикаат материјални штети.
Учениците беа запознаени и со законските санкции за нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства.