Денеска (13.12.2025), на повеќе локации во централното градско подрачје и на градскиот пазар во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип реализираа превентивно-едукативни активности со граѓаните во рамки на кампањите „Градиме пријателство – создаваме безбедност“ и „Не користи пиротехнички средства“. При остварените средби, посебен акцент беше ставен на граѓаните од постарата популација, на кои им беа дадени совети за заштита од кражби, џебни кражби и измами, додека помладата популација и возачите – учесници во сообраќајот беа запознаени со законските санкции за нелегална продажба и употреба на пиротехнички средства, со цел подигнување на свеста за опасностите од нивната употреба. Воедно, беа поделени и флаери со едукативна содржина.
Исто така, вчера (12.12.2025), полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш одржаа едукативно предавање за спречување на употребата и продажбата на пиротехнички средства пред учениците од седмо и деветто одделение во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Целта на предавањето беше учениците да се запознаат со ризиците и последиците од употребата на пиротехнички средства, како и со законската регулатива со која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на истите.