Денеска (12.12.2025) на бул. „Александар Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивно- едукативни активности наменети за возачите „Користете зимска опрема“, „Стави појас“, „Не зборувај на мобилен додека возиш“ и „Возете безбедно со технички исправно возило". Притоа, беше поделен едукативен материјал во форма на летоци со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.
И на територија на СВР Штип, во Берово, полициски службеници реализираа превентивни активности наменети за возачите, при што им беше укажано да не користат мобилен телефон додека возат, да не управуваат возило под дејство на алкохол, како и низа други совети со цел безбедно учество во сообраќајот.
Исто така денеска, во ОУ „Мите Богоевски" во Ресен, ОУ „Димитар Влахов" во с.Љубојно, ресенско, ОУ „Славејко Арсов" во с.Подмочани, ресенско, ДСУ „Коле Нехтенин” во Штип и ООУ „Блаже Конески“ во Велес, полициските службеници од СВР Битола, СВР Штип и СВР Велес одржаа предавања со цел на учениците да им се претстават ризиците по здравјето од употребата на пиротехнички средства. Беа запознаени и со законските санкции за нелегалната продажба и употреба на пиротехнички средства. Целта на едукативните предавања е да се подигне свеста кај децата за опасностите од користењето на пиротехнички средства.