Денеска (11.12.2025) полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово во ООУ „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, валандовско, одржаа предавање за спречување на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Во непосреден разговор и преку наменски подготвена презентација на учениците им беше нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства и последиците што можат да настанат, а беа запознаени и со законскaта регулатива според која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства. На оваа тема денеска во ООУ „Браќа Миладинови“ во Пробиштип предавање одржаа и полициските службеници од СВР Штип- ПС Пробиштип во соработка со лекар од болницата во Пробиштип. Вчера пак, полициски службеници од СВР Охрид- ОВР Струга заедно со доктор од Општата болница во Струга, одржаа предавања во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“ во Струга. Исто така на територија на СВР Охрид, вчера полициски службеници од Отсекот за превенција и Црвениот крст од Охрид во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид одржаа предавања со цел сузбивање на појавата на насилство во училиштата.
Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПС за БПС Штип, денеска на територија на општина Кисела Вода и во Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај. При тоа, беше поделен и едукативен материјал во форма на летоци, со практични совети за безбедно учество во сообраќајот.
Полициски службеници од ПС Свети Николе во СОУ „Кочо Рацин” во Свети Николе одржаа предавање за превенција од зависности, пред се од употреба на наркотици, а полициски службеници од ПС Берово во ООУ „Дедо Иљо Малешевски” во Берово одржаа предавање за спречување на меѓуврсничко насилство, со цел благовремена превенција и заштита од ваквите појави.