Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Охрид и СВР Штип за безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Охрид и СВР Штип за безбеден сообраќај

Денеска (14.01.2026) полициски службеници од СВР Велес, СВР Охрид и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, на наплатната станица „Отовица“, на автопатот Велес- Скопје, реализираа превентивни активности на тема „Користи зимска опрема“ и „Возете безбедно со технички исправно возило“ и во непосредна комуникација им укажаа на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитувањето на одредбите за користење на зимска опрема и обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. На возачите им беше поделен и печатен едукативен материјал,  изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност- Скопје.

Полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ПС БПС Охрид пак, во Охрид спроведоа превентивна активност наменета за возачите, на која ги потенцираа штетните последици кои можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол, како и за санкциите за тоа. Полициските службеници од ОВР Берово пак, во превентивните активности во Берово ставија акцент на повозрасните категории учесници во сообраќајот, со цел да се обезбеди нивно безбедно учество во сообраќајот.

Мени за пристапност