Денеска (15.01.2026) полициски службеници од СВР Штип на повеќе локации на територија на СВР Штип реализираа превентивни активности од областа на сообраќајот.
Во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе во рамки на превентивната активност под мотото „Користи зимска опрема“, на возачите низ директна комуникација и делење на едукативни летоци им ја потенцираа потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во делот на користење на зимската опрема, обврска која е на важност во периодот од 15 ноември 2025 година до 15 март 2026 година. На возачите им беше укажано и на санкциите кои се предвидени за непочитување на законите.
Исто така, во Македонска Каменица реализирана е превентивна активност од страна на полициски службеници од ПО Македонска Каменица под мотото „Не управувај патничко моторно возило под дејство на алкохол”. За време на реализирање на активноста, на возачите им беше укажано на штетните последици што можат да настанат доколку се управува возило под дејство на алкохол. Во Делчево пак, полициски службеници од ОВР Делчево ги информираа граѓаните за законската обврска за користење на сигурносен појас и фактите дека користењето појас во голем процент ги намалува последиците при евентуална сообраќајна несреќа.