Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами и кражби

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и заштита од измами и кражби

Денеска (04.02.2026), од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и СВР Штип беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај, но и за заштита од измами и кражби. Во Велес, полициските службеници ставија акцент на безбедноста на пешаците во сообраќајот, а во Кочани на потребата редовно да се сервисираат возилата и да се проверува нивната техничката исправност. Во селата  Отовица, Иванковци, Мамутчево и Сојаклари, велешко, како и во Берово и Виница беа реализирани превентивно- едукативни активности за заштита од кражби и измами, при што полициските службеници ги информираа жителите на овие населени места како да се заштитат од различни видови и форми на кражби и измами.

Во рамки на активностите беа поделени и печатени едукативни материјали.

Мени за пристапност