Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

Превентивни активности на СВР Велес и СВР Штип за безбеден сообраќај и спречување на употреба на пиротехнички средства

Денеска (23.12.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицинско лице од ЈЗУ Општа болница Велес, реализираа превентивно- едукативна активност во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”, за учениците од осмо и деветто одделение во основните училишта „Панко Брашнаров“ и „Васил Главинов“ во Велес. На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува опасен ризик по здравјето, особено кај децата и може да предизвика тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Исто така, беше потенцирано дека продажбата и употребата на пиротехнички средства е законски строго регулирана и за прекршителите на мерките се предвидени казни. Целта на едукативните предавања е да се подигне свеста за опасностите од користењето на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници. 

Во Пробиштип пак, од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип при СВР Штип реализирани се превентивни активности од областа на сообраќајот, пред се да не се управува возило под дејство на алкохол, како и да се користи сигурносен појас. Покрај корисни совети во директна комуникација, на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци, изработени  од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Мени за пристапност