Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Струмица, СВР Охрид и СВР Штип за спречување на употребата на пиротехнички средства и безбеден сообраќај

Превентивни активности на СВР Струмица, СВР Охрид и СВР Штип за спречување на употребата на пиротехнички средства и безбеден сообраќај

Денеска (22.12.2025) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица заедно со лекари од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија реализираа едукативно предавање за подигнување на свеста за штетните последици од употребата на пиротехнички средства со ученици од осмо и деветто одделение во ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица. Вакво предавање заедно со лекар од клиниката реализираа и полициски службеници од Полициската станица Радовиш со ученици од прва година од СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш. На децата им беше укажано за штетните последици кои може да ги предизвика употребата на пиротехнички средства, како и за казнените одредби кои предвидуваат санкционирање на оние кои нелегално продаваат, набавуваат или употребуваат пиротехнички средства. На подрачје на Валандово пак, спроведена е превентивна активност за задолжително носење на зимска опрема во возилата.

Едукативни предавања за подигнување на свеста за штетните последици од употребата на пиротехнички средства денеска беа реализирани и на територија на СВР Штип и тоа во ООУ „Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица, ООУ ,,Кирил и Методиј“ во Свети Николе и детската градинка ,,Весели Цветови“ во Делчево, како и во основни и средни училишта на територија на СВР Охрид.

 

Мени за пристапност