Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Тетово – ОВР Гостивар

Превентивни активности на СВР Тетово – ОВР Гостивар

 

Денеска (21.12.2025), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение Галате, во соработка со Шумската полиција и ЈП „Национални шуми“ – Подружница Гостивар, на повеќе локации на подрачјето на општина Врапчиште организираа и спроведоа превентивни активности од областа на заштитата на шумите од бесправна сеча и шумски пожари.

Под мотото „Шумите се наше најголемо богатство“, полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните, во рамки на низа средби, укажаа на значењето на превенцијата од дрвокрадство и шумски пожари, како и на штетните последици што произлегуваат од ваквите појави.

На средбите беа посочени и казнивите законски одредби, а на граѓаните им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини, со цел подигање на свеста за потребата од зачувување и негување на шумскиот фонд.

Мени за пристапност