Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Kампања „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ на пиротехнички средства!“

Kампања „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ на пиротехнички средства!“

Од страна на Секторот за полициски работи од општа надлежност и Отсеците за превенција при Министерството за внатрешни работи, во соработка со Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, во тек е спроведување на превентивната кампања Создавај спомени без повреди кажи НЕ на пиротехнички средства!“

 

Кампањата се реализира во повеќе од 90 основни и средни училишта низ целата територија на државата, каде преку едукативни презентации и директна комуникација, со примери од пракса и превентивни пораки, повеќе од 3.500 ученици имаа можност да ја слушнат пораката за опасностите и последиците од употребата на пиротехника, но и да се поттикнат на одговорно и совесно однесување за сопствената и туѓата безбедност.

 

За жал, секоја година празниците се одбележуваат и со повреди, страв и вознемиреност кај децата, лицата со попреченост, повозрасните граѓани, како и кај домашните миленици. Дополнително, се предизвикува материјална штета и се нарушува јавниот ред и мир. Токму затоа, оваа кампања ја нагласува важноста на грижата за другите и за заедницата во целина.

 

Ги повикуваме учениците, родителите, наставниците, институциите и целата јавност да се приклучат на оваа иницијатива. Заедно можеме да придонесеме кон побезбедни празници и да испратиме јасна порака – „Славете одговорно, без алкохол зад волан, без ризично однесување и без пиротехника. Така празниците ќе поминат во радост, а не во болница или полициска станица!“

 

Мени за пристапност